Balkanistika a makedonistika v díle Bohuslava Havránka

Název: Balkanistika a makedonistika v díle Bohuslava Havránka
Variantní název:
  • Балканистиката и македонистиката во делото на Бохуслав Хавранек
    • Balkanistikata i makedonistikata vo deloto na Bochuslav Chavranek
Zdrojový dokument: Studia macedonica II. Dorovský, Ivan (editor). Vydání první Brno: Masarykova univerzita, 2015, pp. 17-26
Rozsah
17-26
Typ
Kapitola
Jazyk
česky
Přístupová práva
otevřený přístup
Licence: Neurčená licence
Popis
По краткото излагање за чешко-словачко-југословенските врски во првата половина од 20 век авторот обраќа внимание на интересот на славистот и балканистот Б. Хавранек за Балканот и неговите јазици. Неговата балканистичка ориентација, за жал, недоволно се наведува во стручната литература. Хавранек ги проследи заемните односи меѓу балканските словенски и несловенски јазици и прегледно објасни, зошто Балканот ги привелукаше лингвистите. Тој поаѓаше од концепцијата на Прашкиот линвистички кружок и ја прифатил тезата за конвергентниот развиток на балканските јазици. Не пишувал посебно за македонскиот јазик, тој пишувал само за словенските литературни јазици. Но тој за своите стручни студии црпеше материјал од југословенската дијалектологија, од дијалектите на источна и јужна Србија и Македонија, од записите на К. Шапкарев и од студиите на В. Облак. Конкретен интерес за македонските дијалекти тој докажа во својата статија за романскиот тип на инперфект во македонските наречија, во која примени споредбен принцип и потврди не само со примери од македонските дијалекти, туку и од несловенските јазици и наречија. Според негово мислење конвергентниот развиток претпоставува опредена степен на билингвизам или полилигвизам.